Во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, со што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини.

Ангажирани се екипи на јавни претпријатија и приватни фирми со вкупно 4 багери, 7 пумпи и повеќе приватни пумпи за црпење на вода. На регионалните патишта има наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство предупредуваат дека поради поплавите водата која е заматана не се препорачува за пиење и за напојување на добитокот. Агенцијата особено ги предупреди да бидат внимателни домаќинствата што се снабдуваат со вода од индивидуални системи.

 

Слични новости