Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Согласно најавите, сите трговски објекти, маркети и трговски центри ќе работат согласно редовното работно време.

Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред

На Водици од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи.

Слични новости

Уапсен Артан Груби

Уапсен Артан Груби

Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.