Пол Мекартни ја заврши турнејата со концерт во лондонската О2 Арена, а финалето на турнејата беше одбележано со свирка на двајцата преживеани од оригиналната постава на Битлси.
На самиот крај на дво и пол часовниот настап на бендот на Мекартни, на сцената се придружија Ринго Стар, некогашниот тапанар на Битлси и Рон Вуд гитаристот на Ролинг Стоунс, па сите заедно ја отсвиреа и ја отпејаа Sgt Pepper Lonely Hearts Club Band, и песната Get Back.
Финалето беше зачинето со објавата на Мкартни дека за прв пат по повеќе од 50 години ќе свири на својот оригинален Хофнер бас, гитара која мистериозно исчезна во 1972, а се појави сосема одненадеж кај еден Британец.
Проценетата вредност на бас гитарата е 10 милиони фунти, а беше купена на почетокот на 60-тите за 30 фунти. Откако беше украдена, продадена му е на сопственик на паб за ситни пари и неколку кригли пиво. Бас гитарата беше пронајдена во подрумот на пабот, по смртта на сопственикот.
Турнејата на Мкартни која штотуку заврши, донесе заработка од 154 милиони фунти, а го имаше симболичното име „Got back“.
Слични новости
Папата Франциск: Израел му го одби барањето на ерусалимскиот патријарх да влезе во Газа
Папата Франциск денеска соопшти дека израелските власти одбиле да му дадат дозвола на латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста...
Шведскиот рапер Габоро наводно убиен во гаража
Шведската полиција денеска соопшти дека е убиен маж во гараѓа во градот Норепинг, а медиумите ја идентификуваа жртвата како раперот Габор, кој наводно имал врски со криминалните банди.
Денеска премиера на големите филмски хитови Муфаса: Кралот Лав и Соник 3
Од денеска официјално започнуваат божиќните празници за американскиот Бокс офис. Од 20 декември Pарамаунт ја пушти премиерата на „Sonic the hedgehog 3“, а Дизни долгоочекуваниот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“.