Британскиот музичар Пол Макартни, некогашен член на легендарната група Битлси, достигна богатство од околу 1,4 милијарди долари и стана третиот најбогат музичар на светот, објави Форбс.

Според проценките на Форбс, Макартни се наоѓа на третото место зад американските музички ѕвезди Џеј Зи чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари и Тејлор Свифт со имот вреден околу 2 милијарди долари.

Макартни за време на шест децениската кариера изгради вреден бизнис благодарение на авторските права, музичките каталози, концертните турнеи и уметничката колекција.

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.