Некогашниот член на легендарниот бенд битлси, басистот и пејач Пол Макартни предупреди дека предложените промени во законите кои ги регулираат авторските права овозможуваат користење на технологија како вештачката интелигенција која би можела да ја краде работата на уметниците, односно да ја користи нивната работа без дозвола или надомест.

Британската влада разгледува измени на закони што би им овозможиле на програмерите на вештачка интелигенција да користат содржини од интернет за обука на своите модели. 

Макартни за Би Би Си изјави дека предлозите на владата би можеле да им ја одземат мотивацијата на писателите и уметниците, што би довело до загуба на креативноста.

„Кога бевме деца во Ливерпул најдовме работа што ја сакаме, но која ни овозможуваше да си ги плаќаме сметките“. Макартни ја повика британската влада да ги преиспита своите планови, порачувајќи дека е работа на владата да ги штити своите граѓани.

Владата на Велика Британија во моментов спроведува консултации за предлози кои би им овозможиле на компаниите за развој на вештачка интелигенција да користат материјали достапни на интернет без почитување на авторските права.

Слични новости

Човештвото најблиску до уништувањето

Човештвото најблиску до уништувањето

Часовникот на Судниот ден, кој симболизира колку е блиску човештвото до уништувањето, е поместен за една секунда нанапред до 89 секунди до полноќ, најблиску од кога и да е досега

Кина влезе во годината на змијата

Кина влезе во годината на змијата

За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места