Полска за втор пат во својата историја го презема претседателството со ЕУ и сака да докаже дека веќе не е „чирак“ во рамките на ЕУ. Ќе се обиде да ја искористи слабоста на „европскиот мотор“ Франција и Германија, кои се соочуваат со домашни политички кризи, за да демонстрира силно лидерство во Советот на ЕУ.
Полска од први јануари ќе го преземе шестмесечното ротирачко претседателство со Европската Унија, со што се спушта завесата на едно бурно поглавје во кое Виктор Орбан го разжести Брисел со своите ненадејни посети на Москва и Пекинг, каде што водеше разговори со Владимир Путин и Си Џинпинг, за запирање на војната во Украина.
Премиерот на Полска Доналд Туск најави дека во фокусот на полското претседавање со ЕУ ќе бидат безбедноста, енергијата и конкурентноста. Веќе со месеци, Туск повикува безбедносната политика на Полска и другите земји на источното крило на НАТО да се претвори во официјална политика на целата ЕУ.

„Би требало да ги поттикнуваме нашите односи со САД, но Европа мора да стане независна и мора да застане на сопствени нозе. Сега е време да се заврши ерата на стравот од Русија и од неизвесноста“, порача Доналд Туск.
За време на состонокот на Европскиот економски и социјален комитет во Варшава, Магдалена Чарнецка објасни дека полското претседавање ќе се однесува не само на јакнењето на воената безбедност во ЕУ, туку и на енергетската, економската, прехранбената, климатската, здравстевната и информатичката сфера.
Не е случајно што Полска како прироитетна тема ја поставува безбедноста. Полска се граничи со Русија и Белорусија, две земји кои имаат отворени непријателски односи кон ЕУ.
Варшава во последните две и пол години на форумите на ЕУ постојано се ангажираше на промоција на јакнењето на заедничката безбедност против Русија и стана гласен заговорник на повторно вооружување на Европа.
Полска за втор пат во својата историја го презема претседателството со ЕУ и сака да докаже дека веќе не е „чирак“ во рамките на ЕУ. Ќе се обиде да ја искористи слабоста на „европскиот мотор“ Франција и Германија, кои се соочуваат со домашни политички кризи, за да демонстрира силно лидерство во Советот на ЕУ. Иако претседателството со ЕУ има симболично значење, во ситуација кога Франција има слаба влада без јасно мнозинство, а Германија оди на вонредни парламентарни избори, тоа е совршена прилика за Варшава во европските рамки.
Туск се наоѓа во уникатна ситуација затоа што е единствениот центристички лидер на голема држава членка на ЕУ. „Полското претседавање со ЕУ ќе биде контрапункт на она што се случуваше во изминатите шест месеци“, предвидува стручњакот за Источна Европа Кај-Олаф Ланг од Германскиот инситут за надворешни работи во Берлин. Тоа пред се, се однесува на безбедносната политика на ЕУ и односите на Брисел со Киев и Москва.
Полскиот премиер Доналд Туск е близок со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и е многу искусен европски политичар. Како претседател на Европскиот совет од 2014-2019, а потоа и како претседател на ЕПП, добро ги запозна бриселските коридори на моќта.
Полска предничи во погледот на одвојувањето средства за одбрана во однос на другите европски сојузници во НАТО. Во моментов издвојува 4,2 насто од БДП-то за одбрана и има намера тоа да го зголеми на 4,75 во 2025.
Ова не е само силен аргумент што треба да им се изнесе на другите држави во ЕУ, туку и за идните разговори со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој повика на поголема посветеност во одбраната на своите европски партнери.

Сепак, наредните шест месеци нема да бидат лесни за полското претседавање. Со влезот на Трамп во Белата куќа се очекува да дојде до промена на динамиката во меѓународните односи, на кои ЕУ ќе мора да се прилагоди, со оглед на фактот што се навестуваат преговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина. Освен тоа, Полска во мај ја очекуваат и важни претседателски избори.
Политика
Слични новости
Светот во исчекување на „царините на Трамп“
Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“
Првата трансплантиција на модифициран свински црн дроб на човек изведена во Кина
Кинески лекари ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Ксиан во северозападна Кина
Хит серијата „Адолесценција“ за мизогинија ги поттикнува британските родители да размислуваат
„Адолесценција“, хит-серијата на Netflix за 13-годишно британско момче уапсено под сомнение за ужасно злосторство, ја зголеми вознемиреноста на родителите за токсичното и мизогинистичко влијание на кое младите се изложени на интернет