Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека неговата влада работи на план за воведување обврзувачки воен рок за секој маж во земјата, како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа. Туск рече дека постои потреба за повеќе од 500 000 војници, која би вклучувала и резервисти, пишува „Гардијан“.

Минатата година полската влада соопшти дека нејзината војска брои 200 000 војници, а дека работи на тоа војската да има 300 000 војници.

Но, стравот за безбедноста е засилен во последните недели, бидејќу Русија ги засилува нападите во Украина, а администрацијата на Доналд Трамп ја повлекува воената и разузнавачката поддршка на Украина.

Полскиот премиер Донал Туск рече и дека неговата земја треба „да ги испита нуклеарните можности“.

Мораме да бидеме свесни дека Полска мора да се потпира врз најмодерни можности, вклучувајќи и нуклеарно вооружување и современо неконвенционално оружје, рече Туск.

Слични новости

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“