Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Според неофицијални информации, станува збор за позната компанија од приватниот здравствен сектор, која во Скопје има три болници.

Во истрагата, според првичните информации, се опфатени одговорни лица од приватната здравствена установа, како и поранешни и актуелни функционери и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Се испитуваат сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Штетата врз буџетот се проценува на над 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата на околу четири милиони евра.

Меѓу осомничените е и Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.

 

Слични новости

Рекордна излезност на вонредните избори во Србија каде што Студентската листа се надева да го собори од власт СНС и Вучиќ по 14 години

Рекордна излезност на вонредните избори во Србија каде што Студентската листа се надева да го собори од власт СНС и Вучиќ по 14 години

Уште од отворањето на избирачките места во 07 00 часот огромни колони луѓе чекаат да го искористат своето право на глас, а одзивот е рекорден. Според податоците на ЦРТА одзивот на изборите во Србија до 10 часот изнесува 19,8 насто, што е двојно повеќе од изборите во 2023.