Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Според неофицијални информации, станува збор за позната компанија од приватниот здравствен сектор, која во Скопје има три болници.

Во истрагата, според првичните информации, се опфатени одговорни лица од приватната здравствена установа, како и поранешни и актуелни функционери и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Се испитуваат сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Штетата врз буџетот се проценува на над 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата на околу четири милиони евра.

Меѓу осомничените е и Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот

ВМРО ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.