Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.
Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во Царинската управа.
Полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Во Скопје и Тетово, при претреси во правни субјекти, биле пронајдени магацини со различни медицински лекови, а во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.
Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.
Слични новости
Марта Кос за БНТ: Владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување, тие мора да го променат својот устав
Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес, ова го изјави Еврокомесраката за проширување Марта Кос во интервју за бугарскиот БНТ .
Работните спорови ја чинеле државата 64 милиони евра
Речиси половина од средствата се однесуваат на камати, трошоци на парнична постапка и извршни трошоци. Ревизијата покажала дека бројот на активни предмети значително се зголемил – од 9.361 во 2021 година на 24.556 во 2025 година.
Евростат: Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ си заминуваат на 26,3 години
Податоците на „Евростат“ покажуваат дека младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години.


