Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.
Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во Царинската управа.
Полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Во Скопје и Тетово, при претреси во правни субјекти, биле пронајдени магацини со различни медицински лекови, а во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.
Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.
Слични новости
Бугарските политички партии во одбрана на Ива Михајлова
Важно е таа да добие можност за соодветно лекување во Бугарија, и тоа што е можно поскоро – изјави Петрова. Таа оцени дека станува збор за хуманитарен случај за кој, според неа, во Македонија немало соодветна реакција, поради што биле преземени „очајнички чекори“
Платформата 12.05 бара оставка од министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда поради беството на Ива Михајлова во Бугарија
Владата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, се наведува во реакцијата на Платформата.
Поправен компјутерскиот томограф на Радиологија
Еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје од денеска е ставен во функција и е достапен за извршување дијагностички прегледи, информираа утрово од Министерството за здравство.


