Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела. Дел од медиумите јавуваат дека се вршат претреси во Арачиново и на други делови од Скопје и државата и дека веќе има уапсени лица.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Според медиумски извештаи, во неделата во вечерните часови Министерството за внатрешни работи започнало координирана акција насочена кон насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија.
Според информациите, зголемено присуство на полициски сили е забележано во скопските општини Чаир и Арачиново, каде што жителите сведочат за активни интервенции. Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, туку ќе продолжи и на други локации низ државата.
Неофицијално, се апсат припадници на криминални групи во Дуќанџик, Грчец и Арачиново.
Слични новости
Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата
Одреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на двете лица кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.
Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок до санирање на дефектот
За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.