Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.  Дел од медиумите јавуваат дека се вршат претреси во Арачиново и на други делови од Скопје и државата и дека веќе има уапсени лица.  

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали  во текот на утрешниот ден.

Според медиумски извештаи, во неделата во вечерните часови Министерството за внатрешни работи започнало координирана акција насочена кон насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија.

Според информациите, зголемено присуство на полициски сили е забележано во скопските општини Чаир и Арачиново, каде што жителите сведочат за активни интервенции. Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, туку ќе продолжи и на други локации низ државата.

Неофицијално, се апсат припадници на криминални групи во Дуќанџик, Грчец и Арачиново.

globe

Слични новости

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.

МВР распиша потерница за Груби и Бајрами

МВР распиша потерница за Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.