Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево.
Од МВР информираат дека во моментов спроведуваат акција по наредба на ОЈО Кочани.

Од Обвиннителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот Пулс”.
Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.
Папазов е градоначалник во оставка, кој се повлече од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.
Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илиев од СДСМ во период од 2017-2021 година.
Слични новости
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани
Македонско-турската стопанска комора донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
Стопанската Комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна
Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а 178 се повредени, продолжија продлжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов