Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници, објави Политико.

Претходно воздухопловството на Португалија препорача да се набават моделите Ф-35 од американскиот производител „Локхид Мартин“, но министерот за одбрана на Португалија Нуно Мело во интервју за португалските медиуми изјави дека мора да се земат в предвид геополитичките фактори при носењето на одлука за набавка на авиони.

„Не можеме да ја занемариме моменталната позиција на САД во рамките на НАТО. Предвидливоста на нашите сојузници е важен фактор во донесувањето на одлуките“ изјави Нуно.

Слични новости

САД во Саудиска Арабија продолжуваат сo руско-украинските разговори за прекин на огнот

САД во Саудиска Арабија продолжуваат сo руско-украинските разговори за прекин на огнот

Посредниците од Соединетите држави ќе одржат одделни разговори со руската и украинската делегација во Саудиска Арабија во понеделник, бидејќи Вашингтон се обидува да посредува за ограничен прекин на огнот по повеќе од три години војна