Домаќинот Германија, Португалија, Франција и Шпанија се учесници на завршниот турнир во Лигата на нации, кој од 4 до 8 јуни ќе се одржи во Минхен и Штутгарт.
Во првото полуфинале на 4 јуни во Минхен силите ќе ги одмерат Германија и Португалија, а бранителот на титулата Шпанија и Франција ќе играат ден подоцна во Штутгарт.
Натпреварот за третото место е на 8 јуни во Штутгарт, а финалето е истиот ден во Минхен.

Откако во првиот четвртфинален натпревар на милански „Сан Сиро“ ја совлада Италија со 2:1, реваншот во Дортмунд заврши со резулат 3:3.
Германија водеше со 3:0 по првото полувреме, но за малку ќе бевме сведоци на невиден целосен пресврт во вториот дел.
По првиот половина час без голови, домашните постигнаа три гола во последните минути од првиот дел, Џошуа Кимих од пенал во 30. минута, Џамал Мусиала шест минути подоцна и Тим Клајндиенст во 45. минута.
Мојс Кин намали во 49. минута, пред да го постигне вториот гол во 69. минута. За драмата во Дортмунд се погрижи Џакомо Распадори кој израмни во петтата минута од судиското надополнување од пенал. Но, за Италија немаше време да стои повеќе од тоа и Германија конечно можеше да се радува.
„Елфовите“ во полуфиналето на 4 јуни во Минхен ќе играат со Португалија, која по продолженијата ја совлада Данска со 5:2, откако загуби со 0:1 во Копенхаген.
Почна лошо за домаќините. Кристијано Роналдо не успеа да реализира удар од белата точка во шестата минута. Неговиот удар го запре Каспер Шмајхел. Данскиот голман одлично реагираше во 18. минута, запитајќи уште еден удар на Роналдо. Португалија поведе во 38. минута по автоголот на Јоаким Андерсен.
Својата најдобра шанса во првото полувреме Данците ја имаа во 24. минута, но Расмус Хојлунд не шутираше добро. Гостите успеаја да израмнат во 56. минута со голот на Расмус Кристенсен. Роналдо се искупи со промашениот пенал во 72. минута погодувајќи за 2:1, но Кристијан Ериксен израмни четири минути подоцна и израмни на 2:2.
Португалија на четири минути пред крајот успеа да постигне и трет гол, однесувајќи го натпреварот во продолженија, а голот беше Тринкао. Крилниот напаѓач на Спортинг ја доведе Португалија на прагот на победата во 91. минута, а потврда за португалското славје дојде во 115. минута кога Гонкало Рамос погоди за 5:2.
Во второто полуфинале ќе играат Шпанија и Франција, а двете селекции се пласираа по изведувањето пенали.
Одличен натпревар одиграа Шпанија и Холандија во Валенсија, кој по 90 минути заврши со идентични 2:2, исто како и првиот меч, по продолженијата беше 3:3, а „Фуријата“ славеше по изведувањето пенали.
Микел Ојарзабал ги доведе домаќините во водство со гол од пенал во осмата минута, а израмни Мемфис Депај во 54. минута, исто така од белата точка. Ојарзабал ја врати „Фуријата“ во водство со својот втор гол во 67. минута, но израмни Јан Маатесен во 79. минута.
Шпанија поведе и по третпат во 103. минута, овојпат преку Ламине Јамал, но гостите третпат израмнија, со голот од пенал кој го постигна Чави Симонс во 109. минута. При изведувањето на пеналите, холандските играчи Мален и Ланге ги промашија клучните удари, додека само Јамал беше непрецизен за шпанскиот тим.
И Франција се пласираше по изведувањето во соочувањето со Хрватска. Французите победија со 2:0 во регуларното време со головите на Михаел Олисех (52) и Усман Дембеле (80), израмнувајќи го резултатот од Сплит.
За Хрватска пенали реализираа Никола Моро, Кристијан Јакиќ, Марио Пашалиќ и Дује Ќалета Цар, Мајк Маињан ги одбрани ударите на Мартин Батурина и Јосип Станишиќ, а Фрањо Ивановиќ го промаши целиот гол.
Кај францускиот тим прецизни беа Килијан Мбапе, Орелиен Чоамени, Рандал Коло Муани, Дезир Дуе и Дајот Упамекано, додека Жил Кунде и Тео Ернандез ја промашија целта.

Слични новости
Александер-Арнолд постигна договор со Реал Мадрид
Десниот бек на Ливерпул, 26-годишниот Трент Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објавија во вторникот британските медиуми,
Блатер и Платини ослободени од обвиненијата за корупција
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и францускиот и светскиот фудбалски великан Мишел Платини, поранешен претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), се ослободени од обвиненијата за корупција
НБА: Повреда на Тејтум во победата на Селтикс, Нагетс и натаму немоќни без Јокиќ
Бранителот на титулата Бостон Селтикс го зацврсти своето место на второто место на Истокот со победата на гости со 113:95 над Сакраменто Кингс, но навивачите на Селтикс веројатно се повеќе загрижени поради повредата на десниот зглоб на нивниот најдобар играч Џејсон Тејтум