Жрепката за европските плејоф натпревари што ќе ги одредат преостанатите четири европски репрезентации што ќе се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година се одржа во четврток во седиштето на ФИФА во Цирих.
Италија ќе биде домаќин на Северна Ирска во полуфиналето од европските плејоф натпревари во март во полуфиналето од Групата А, додека Велс ќе игра против Босна и Херцеговина.
Четирикратниот светски шампион Италија повторно не успеа да обезбеди директена пласман откако заврши втор во својата група, а сега ќе се обиде да се квалификува првпат од изданието во 2014 година. Последните двапати Италијанците беа елиминирани во плејофот и влегуваат во втората рунда како први носители, со потенцијално финале против Велс или Босна и Херцеговина за квалификација. Северна Ирска, од друга страна, не се квалификувала на Светското првенство од 1986 година а ја победила Италија само еднаш во 11 средби, и тоа во 1958 година.
Шведска, предводена од новиот селектор Греам Потер, прво мора да ја помине Украина, додека Полска ќе се соочи со Албанија во другото полуфинале. Швеѓаните стигнаа до четвртфиналето на Светското првенство во 2018 година, но не успеаја да се квалификуваат за изданието во 2022 година. Данска ќе се соочи со Македонија, тимот што ја елиминираше Италија во плејофот минатиот пат. Чешка ќе има тешка задача, бидејќи нивни противници во плејофот се Ирска, која го обезбеди своето место во плејофот со победа во последен момент над Унгарија.
Турција се нама квалификувано на Светското првенство откако го шокираше светот со освојувањето на третото место во 2002 година. Романија ја чека во полуфиналето, барајќи го својот прв квалификациски пласман по 1998 година. Косово се обидува да се квалификува првпат откако стана членка на ФИФА, играјќи против Словачка, која последен пат играше на Светското првенство во 2010 година.
Дванаесетте второпласирани екипи од групата се распоредени во групите 1:3 и се распоредени врз основа на светската ранг-листа на ФИФА, додека четирите екипи што се пласираа преку Лигата на нации на УЕФА се распоредени во Група 4.
Натпреварите од нокаут фазата ќе се одржат во март, полуфиналето на 26-ти март и финалето на 31-ви март.
Повисокопласираните екипи (споменати прво) ќе бидат домаќини на полуфиналето, додека е извршена жрепка за да се утврди кој ќе биде домаќин на секое финале.
Европски ждреп за плејофот на Светското првенство:
Група А
Полуфинале 1: Италија – Северна Ирска
Полуфинале 2: Велс – Босна и Херцеговина
Финале: Победник SF1 – Победник SF2
Група Б
Полуфинале 3: Украина – Шведска
Полуфинале 4: Полска – Албанија
Финале: Победник SF3 – Победник SF4
Група Ц
Полуфинале 5: Турција – Романија
Полуфинале 6: Словачка – Косово
Финале: Победник SF5 – Победник SF6
Група Д
Полуфинале 7: Данска – Македонија
Полуфинале 8: Чешка – Ирска
Финале: Победник SF7 – Победник SF8
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


