Француската актерка Надја Фарес почина во 57-та година од животот, по несреќа во базен во париз, соопштија нејзините ќерки. Глумицата беше пронајдена без свест во базен на еден спортски комплекс во Париз, каде што таа пливала до пераи и даска за пливање, кога ненадејно ја загубила свеста и неколку минути останала под вода.

Откако беше извадена од базенот, таа беше итно прфрлена во болница каде што беше примена на интензивна нега и ставена во индуцирана кома. По неколку дена во болница, таа, сепак почина.

Надја Фарес беше родена 1968 во Маракеш, а израсна во Франција. Во текот на кариерата играше во филмови од различни жанрови, од трилери и драми, па се до комедии и меѓународни продукции.

 

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст