Од околу 11 часот и 30 минути е почнат пожар над православните гробишта во Тетово на ридот Балтепе. Тетовските пожарникарите по пријавата почнале со интервенција на огнот кој се појавил во објект, па се шири во правец на врвот на ридот.
„Пожарот избувнал во стар објект-плевна. Ние по пријавата, дојдовме овде кај православните гробишта и пуштивме црева нагоре затоа што нема пат по кој може да се оди нагоре со противпожарни возила.
Побаравме евакуација на луѓето од блиските куќи. Огнот го изгасивме кај плевната и со тоа спречивме да бидат загрозени блиските куќи, но продолжи да се шири во шумата и кон Калето“, изјави Авни Амети, командир во тетовската пожарна.
Во 13 часот и 20 минути на пожарот почнаа и интевенции од воздух со хеликоптер. Дел од пожарникарите се поставени на пат кон врвот од ридот Балтепе со цел да интервенираат над пожарот.
Слични новости
Денеска продолжува судењето за пожарот во Кочани
Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Не чекајте да ожеднете, пијте течности, разладувајте го телото со млака вода
Институтот за јавно здравје апелира да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод.
СДСМ поднесе кривична пријава против министерот Клековски и тројца функционери за труењето со вода во Гостивар
Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема, а нема ниту чиста вода во Гостивар


