Противпожарните екипи на Град Скопје и во текот на ноќта остаа да ја следат состојбата во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Целта е да се заштити селото и околните населени места, како и континуирано да се следи состојбата.
Поради тешкиот и непристапен терен, во гаснењето од воздух интервенираа три авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Слични новости
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ+
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ниво „ББ+” со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, соопшти Министерството за финансии.
ВМРО-ДПМНЕ бара од Обвинителството да истражи зошто биле исплатени 4,6 милиони евра во провизии за железничкиот коридор
Државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека проектот за железничкиот Коридор 8 со години стои незавршен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на наодите од Државниот завод за ревизија .
Загина фудбалерот Даниел Николовски
Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21). Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим.


