Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува. На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски

Томевски појасни дека превентивно морале да исклучат два далеководи, еден на ЕВН и еден на МЕПСО зошто работат во нивна близина.
„Нема повредени и нема материјална штета“, изјави Томевски.
Скопските пожарникари денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.
По пожарот, без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје и превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”.
„Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”. Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија. Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат“, изјавија од Електродистрибуција
Слични новости
Mакедонски граѓани ќе се евакуираат од Израел со владиниот авион
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел
СДСМ: Вината за Кочани е во врвот на МВР, бараме оставки од Тошковски и Јанев
Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.
22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел
Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.