Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува.

„Жална вест, сакам да информирам дека денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто се лекуваше во Литванија, 29-годишен којшто беше во критична состојба уште од почетокот. Беше упатен од Градска болница на 17-ти март. Неговата состојба беше тешка, а од 4 април се влошуваше уште повеќе, додека од вчера беше на дијализа“, изјави Таравари.
Посочи дека Гавриловски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.
„Александар Гавриловски имаше 35 посто изгореници од трет степен, изгореници во дишните патишта и беше еден од потешките пациенти. Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме да бидат подобри“, рече Таравари.
Ова е вториот пациент којшто почина од вкупно 193 кои што се лекуваа надвор од државата, додаде министерот, истакнувајќи дека уште двајца пациенти и понатаму остануваат критични.
Во моментов надвор од државата се лекуваат вкупно 66 пациенти, додека во земјава десет пациенти.
„Во моментов вкупно 66 пациенти се лекуваат надвор од државата, а во земјава 10 пациенти. Останатите пациенти, освен двајцата критични нема други потешки. Се надеваме дека нема да имаме други лоши вести“, рече Таравари.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ беа повредени речиси 200 лица, а дел од нив беа пратени на лекување во странство.
Слични новости
Филипче: Стојам на располагање да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ
Колку повеќе време одминуваа и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период. Социјалдемократскиот сојуз во секој еден момент, во која било форма што Владата ќе ја постигне согласно нивното ветување, кое што сега гледаме дека очигледно ќе биде едно од ветувањето кое што нема да го исполнат, а тоа е да ги подобри нашите позиции во делот на преговарачката позиција со Европската Унија, ние ќе го поддржиме тој план, нагласи Филипче
Шефчович: ЕК ќе предложи царински противмерки во износ од помалку од 26 милијарди евра
Европската комисија, земајќи ги предвид забелешките на земјите-членки, ќе предложи противмерки во вредност од помалку од 26 милијарди евра, колку што се американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европскат унија, изјави во понеделник еврокомесарот за трговија Марош Шечфович
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одземале и мојот живот
Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.