Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи .

На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.

Пожарот избувна вчера во непосредно соседство на плацот со хаварисани возила кој изгоре лани.

Според првичните информации станува збор за истата фирма лоцирана во Визбегово односно во општина Шуто Оризари.

Слични новости

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.