Францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок на кабинетот за денес на кој ќе се разговара за шумските пожари што се приближуваат кон Бордо, на југозападниот дел од земјата.
Борбата против пожарите ќе биде дополнително комплицирана од новиот топлотен бран што го погодува регионот, додека големи пожари се активни и во Шпанија, објави Би Би Си.
Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.
Повеќе од 330.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија поради шумските пожари што беснеат низ Европа со недели. Само во југозападна Франција, над 220.000 жители ги напуштија своите домови.
Вкупно 98.000 хектари изгореа во Франција оваа година, вклучувајќи 42.000 на југозапад, што ги прави овие шумски пожари најголеми од Втората светска војна.
Слични новости
Најмалку 16 повредени во ракетен напад врз Одеса
Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.
Саудиска Арабија го затвори клучниот нафтовод по напад со дронови
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Хутите го презедоа Мока и островот Перим, расте напнатоста вo Црвеното Море
Преземањето на Перим им дава на Хутите значително поголемо влијание врз Баб ел-Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна рута кон Суецкиот Канал.


