Францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок на кабинетот за денес на кој ќе се разговара за шумските пожари што се приближуваат кон Бордо, на југозападниот дел од земјата.
Борбата против пожарите ќе биде дополнително комплицирана од новиот топлотен бран што го погодува регионот, додека големи пожари се активни и во Шпанија, објави Би Би Си.
Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.
Повеќе од 330.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија поради шумските пожари што беснеат низ Европа со недели. Само во југозападна Франција, над 220.000 жители ги напуштија своите домови.
Вкупно 98.000 хектари изгореа во Франција оваа година, вклучувајќи 42.000 на југозапад, што ги прави овие шумски пожари најголеми од Втората светска војна.
Слични новости
Трагедија во Пакистан – 14 новороденчиња загинале во пожар во болница
Најмалку 14 новороденчиња починале откако избувнал пожар во одделението за породилиште во болница во пакистанскиот главен град Исламабад.
Пожарот избувнал во клима-уред во одделението за мајки и деца во болницата а бргу се проширил поради приклучоците за кислород, пренесуваат медиумите.
Десетици загинати, повеќе стотици исчезнати во ненадејна поплава во Непал
Речиси 400 луѓе, меѓу кои и најмалку 290 странски туристи, засега се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има државјани на Индија, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Велика Британија и Малезија.
На Инфективна хоспитализиран 21 пациент поради западно-нилска треска, шестмина се на интезивна нега
Во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.


