
Еден од повредените во пожарот во Кочани, кој е на лекување во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, има подобрување на здравствената состојба и од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија.
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.
„На ВМА има 10 пациенти од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за Интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека, сепак, е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување“, изјави д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија за РТС.
Во Србија моментно се лекуваат 29 повредени лица од Кочани.
Слични новости
Пожарот во Кочани го отвори прашањето за нова опрема и екипираност на противпожарните служби
Тројца пожарникари се здобија со изгореници и проблеми со дишните патишта, при што двајца се со полесни повреди, а поради вдишување отровен чад и телесни повреди командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов заврши на Клиниката за токсикологија во Скопје
На околу 50 пациенти кои се лекуваат во странство ќе им треба подолготрајна рехабилитација
Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
Нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4.630 милиони евра
Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција