
Еден од повредените во пожарот во Кочани, кој е на лекување во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, има подобрување на здравствената состојба и од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија.
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.
„На ВМА има 10 пациенти од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за Интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека, сепак, е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување“, изјави д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија за РТС.
Во Србија моментно се лекуваат 29 повредени лица од Кочани.
Слични новости
Осуди за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите во државата што известуваат за погребот во Кочани веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите на етички и професионални стандарди, реакции со осуди дојдоа и од македонските новинарски асоцијации, од македонската Влада….
Погребани жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево.
Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани
Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост.