По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека сториле  тешки дела против општата сигурност.

Тројцата обвинети предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

Притоа на запалениот објект предизвикале и поголема имотна штета. Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот.

Додека еден од обвинетите останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган.

Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.

 

Слични новости

Сиљановска Давкова: Химната не треба да се менува

Сиљановска Давкова: Химната не треба да се менува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се вклучи денеска во наметнатата дебата околу промената на грбот на државата, велејќи дека сега не е време за такви расправи. Таа смета дека химната нема потреба да се менува. Сиљановска стравува дека дебатата за грбот може да предизвика нови конфикти.

Евроамбасадорот Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Евроамбасадорот Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Самата посета на вашиот премиер на САД сметам дека покажува оти САД ако се во можност да дадат свој придонес во забрзувањето на евроинтегративниот процес или европскиот пат на вашата земја, тогаш таквите напори се повеќе од добредојдени, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, гостувајќи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, најави иницијатива за повторно отворање на Центарот за трансплантација