По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека сториле тешки дела против општата сигурност.
Тројцата обвинети предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

Притоа на запалениот објект предизвикале и поголема имотна штета. Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот.
Додека еден од обвинетите останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган.
Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.
Слични новости
Многу студено утро во цела Македонија
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -13 степени, -11 било во Маврови Анови, -10 во Крива Паланка, -9 во Демир Капија и , Попова Шапка. Во Скопје, Велес и Куманово, -8
Во Скопје средба на мешовитата комисија, се разговарало за евентуални заеднички чествувања и за предлог-препораките за македонските учебници за седмо одделение
Предлог-препораките за македонските учебници за седмо одделение, како и евентуални заеднички чествувања, биле тема на 34. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржала во Скопје.
Сиљановска Давкова: Химната не треба да се менува
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се вклучи денеска во наметнатата дебата околу промената на грбот на државата, велејќи дека сега не е време за такви расправи. Таа смета дека химната нема потреба да се менува. Сиљановска стравува дека дебатата за грбот може да предизвика нови конфикти.