Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, потврдија МВР и Јавното обвинителство. Претресот се врши за да се обезбедат два записници за проверка на евентуални елементи на кривично дело, како што појаснуваат од Обвинителството, во врска со мандатот на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева.

„Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, велат од МВР од ЈОРСМ.

Како што појаснуваат од Обвинителството, ова не е поврзано со формираниот предмет за „црната листа” на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на Дамева.

Премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека континуирано добива информации за тоа што се случува во Судскиот совет.

„Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи“, посочи Мицкоски.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева на 2 декември поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот, кој сега останува да функционира без претседател, откако изборот за нов претседател беше одложен.

Дамева, како причина за оставката, го наведе „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“.

globe

Слични новости

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Министерот за внатрешни работи поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува министерот во видеото објавено на неговата фејсбук страница