Американските гласачи му даваат поддршка на претседателот Доналд Трамп од само 31 насто, што е историски најниско ниво на поддршка, покажа последната анкета на Ројтерс и Ипсос.
Истовремено, анкетите покажуваат убедлива предност која и натаму се зголемува на демократите пред изборите за конгресот и сенатот на половина на мандатот.
Според аналитичарите, една од причините е што Трамп води кампања како самиот тој да се наоѓа на гласачкото ливче во обид да ги мотивира избирачите, но во реалноста опонентите на Трамп се помотивирани да гласаат против него, отколку на неговите поддржуваќи да го дадат гласот за републиканците.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.