Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа и повеќето сакаат земјата да се врати во Европската Унија, покажа последното истражување на јавното мислење во Британија.
На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за Брегзит. По долгогодишни тешки преговори, Обединетото Кралство стана првата земја што ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.
Но, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит.
Според анкетата на YouGov, спроведена на 2225 испитаници ова е најниската поддршка за Брегзит досега.
Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит. Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно“ го поддржуваат враќањето во ЕУ.
Британскиот лабуристички премиер Кир Стармер вети дека ќе ги „рестартира“ односите со Европската унија, но засега нема најави за процес за враќање на Британија во ЕУ.
Слични новости
ЕУ изрази жалење за американското зголемување на царините, ќе возврати ако биде цел
Европската унија во неделата „изрази жалење“ поради зголемувањето на американските царини за производи од Канада, Мексико и Кина, опишувајќи ја мерката како „штетна за сите страни“, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги потпиша указите
Украина вели дека притисокот на САД за прекин на огнот и изборите е „пропаднат план“
Помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека повикот на САД за Украина да одржи избори по прекинот на огнот со Русија изгледа како „пропаднат план“ доколку е тоа сѐ од што се состои
Отворена кривична истрага против сопругата на Бенјамин Нетанјаху
Отворена е кривична истрага против Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер, објави во неделата израелското државно обвинителство како одговор на опозицискиот пратеник кој побара кривично гонење против сопругата на Бенјамин Нетанјаху