Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа и повеќето сакаат земјата да се врати во Европската Унија, покажа последното истражување на јавното мислење во Британија.
На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за Брегзит. По долгогодишни тешки преговори, Обединетото Кралство стана првата земја што ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.
Но, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит.
Според анкетата на YouGov, спроведена на 2225 испитаници ова е најниската поддршка за Брегзит досега.
Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит. Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно“ го поддржуваат враќањето во ЕУ.
Британскиот лабуристички премиер Кир Стармер вети дека ќе ги „рестартира“ односите со Европската унија, но засега нема најави за процес за враќање на Британија во ЕУ.
Слични новости
Гренланд забранува странски донации за политичките партии
Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот
Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа
Прекинот на подводниот кабел со оптички влакна меѓу Латвија и Шведска на 26 јануари не е саботажа, објави во понеделникот шведскиот обвинител задолжен за случајот, со што ја поништи заплената на осомничениот брод
Вработените во FBI мора да ги откријат своите улоги во истрагите за нападот на Капитол
Вработените во американското Федерално биро за истраги (FBI) во неделата добиле наредба да одговорат на прашалникот за секоја активност што можеби ги вршеле во однос за кривичните случаи поврзани со упадот на вашингтонски Капитол на 6 јануари 2021 година