Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа и повеќето сакаат земјата да се врати во Европската Унија, покажа последното истражување на јавното мислење во Британија.

На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за Брегзит. По долгогодишни тешки преговори, Обединетото Кралство стана првата земја што ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.

Но, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит.

Според анкетата на YouGov, спроведена на 2225 испитаници ова е најниската поддршка за Брегзит досега.

Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит. Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно“ го поддржуваат враќањето во ЕУ.

Британскиот лабуристички премиер Кир Стармер вети дека ќе ги „рестартира“ односите со Европската унија, но засега нема најави за процес за враќање на Британија во ЕУ.

Слични новости

Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права

Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права

Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во вторникот да ја прекине соработката на неговата земја со Советот за човекови права на Обединетите нации и да ја продолжи забраната за финансирање на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци