Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што соопшти Таравари, петте пациенти се очекува да пристигнат во среда или четврток, а ќе бидат пречекани од специјални екипи и возила кои ќе се придржуваат до протоколот и информациите за состојбата на пациентите, по што ќе бидат сместени во болниците од каде биле претходно пуштени пациентите, каде ќе им биде направена првата тријажа.

„Протоколите ќе бидат објавени на нашата веб страна, исто така ќе бидат испратени и до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како и до сите други држави. Ќе имаме специјални екипи кои што ќе работат со овој протокол кои што ќе се придржуваат до информациите за состојбата на пациентите кои што треба да ги добиеме. Ќе има специјална екипа која што ќе ги прифаќа и специјални возила кои што ќе ги пречекаат и сместуваат во болниците. Првата тријажа ќе се направи во болницата од каде што е пуштен пациентот, па ќе бидат хоспитализирани во болници каде што треба. Доколку нема потреба ќе се пуштаат на домашно лекување“, рече Таравари.
„Јас кажувам каква е моменталната состојба на пациентите. Одредени пациенти веќе добиваат антибиотици за да се превенираат тие инфекции, така што се надевам и тие што ќе пристигнат, веќе зборувавме за стерилизирање на автомобилите со коишто ќе дојдат, како и собите каде што ќе се третираат, така што се надеваме на што помалку компликации и подобро здравје на сите тие што ќе се вратат во државата“, рече Таравари.
Таравари соопшти дека е стабила состојбата на 55-те пациенти кои се лекуваат во државава, а од 115 пациенти во странство во критична состојба се пет.
Се очекува утре од македонските болници да бидат испишани девет пациенти, но, како што рече, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања. На Клинички центар лежат 27 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 10 пациенти, Градска општа болница – 10 пациенти, додека во приватните клиники има осум пациенти.
Прашан каква поука извлече здравствениот систем од трагедијата во Кочани, Таравари рече „здравствениот систем успеа да се справи со оваа состојба релативно добро, со сите слабости и недостатоци кои што ги има“.
Слични новости
Шукова: Здравјето на луѓето е во ризик, СДСМ бара кривична одговорност за еколошката катастрофа на Крива Река
За еколошка катастрофа со излевање на отрови, тешки метали и цијанид во Крива Река мора да има кривична одговорност. Се работи за институционални пропусти кои довеле до директна закана по здравјето и животот на граѓаните, изјави Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини претседателите на УПОЗ и ССМ дека не се грижат за граѓаните, туку само за својот личен профит
Во соопштението од владејачката партија се вели дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов одработува за опозициската СДСМ од кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, бил поставен да извршува партиски насоки и агенди
Нанос од песок на патот Валандово – село Удово, сообраќајот се одвива отежнато
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.