Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што соопшти Таравари, петте пациенти се очекува да пристигнат во среда или четврток, а ќе бидат пречекани од специјални екипи и возила кои ќе се придржуваат до протоколот и информациите за состојбата на пациентите, по што ќе бидат сместени во болниците од каде биле претходно пуштени пациентите, каде ќе им биде направена првата тријажа.

„Протоколите ќе бидат објавени на нашата веб страна, исто така ќе бидат испратени и до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како и до сите други држави. Ќе имаме специјални екипи кои што ќе работат со овој протокол кои што ќе се придржуваат до информациите за состојбата на пациентите кои што треба да ги добиеме. Ќе има специјална екипа која што ќе ги прифаќа и специјални возила кои што ќе ги пречекаат и сместуваат во болниците. Првата тријажа ќе се направи во болницата од каде што е пуштен пациентот, па ќе бидат хоспитализирани во болници каде што треба. Доколку нема потреба ќе се пуштаат на домашно лекување“, рече Таравари.
„Јас кажувам каква е моменталната состојба на пациентите. Одредени пациенти веќе добиваат антибиотици за да се превенираат тие инфекции, така што се надевам и тие што ќе пристигнат, веќе зборувавме за стерилизирање на автомобилите со коишто ќе дојдат, како и собите каде што ќе се третираат, така што се надеваме на што помалку компликации и подобро здравје на сите тие што ќе се вратат во државата“, рече Таравари.
Таравари соопшти дека е стабила состојбата на 55-те пациенти кои се лекуваат во државава, а од 115 пациенти во странство во критична состојба се пет.
Се очекува утре од македонските болници да бидат испишани девет пациенти, но, како што рече, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања. На Клинички центар лежат 27 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 10 пациенти, Градска општа болница – 10 пациенти, додека во приватните клиники има осум пациенти.
Прашан каква поука извлече здравствениот систем од трагедијата во Кочани, Таравари рече „здравствениот систем успеа да се справи со оваа состојба релативно добро, со сите слабости и недостатоци кои што ги има“.
Слични новости
Претреси за прибирање доказни материјали од канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница
Во рамки на увидот што бил направен во Кочани, службените лица прибирале доказни материјали поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, а сличен претрес е направен и во Виница, со оглед што од таму се поранешниот и актуелниот раководител во Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион,
Постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот, рече премиерот Мицкоски
-Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, рече премиерот
Јаневска: Сто итриест психолози достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани
Сто и триест психолози се на располагање за психолошка поддршка на учениците, студентите и на граѓаните во општините во Брегалничкиот регион, каде што има починати ученици и блиски во семејствата, како и повредени кои се наоѓаат на лекување, по големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани