Нафтата од типот Брент денеска порасна за 2,3 проценти и изнесува 107,4 долари, додека сировата американска нафта ВТИ се покачи за 2,9 насто и сега изнесува 101 долари за барел.

Цените на нафтата се покачија како резултат на изјавата на Врховниот лидер на Иран ајатолахот Моџтаба Хамнеи кој изјави дека ураниумот од кој може да се прави нуклеарно оружје не треба да се испраќа во странство, пренесе Ројтерс.

Отстранувањето на збогатениот ураниум на Иран, пак е основен услов на САД за завршување на војната.

Слични новости

Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата поскапуваат од полноќ

Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар.

Цената на нафтата Брент скокна на 110 долари

Цената на нафтата Брент скокна на 110 долари

Цената на нафтата Брент денеска се качи на над 110 долари, што е поскапување за 1.90 насто, додека цената на сировата нафта порасна за 2,32 насто и се тргува за над 107 долари по барел.