Повторно е одложено враќањето на Земјата на двајца астронаути на американската вселенска агенција NASA, кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти агенцијата.

Сунита Вилијамс и Бери Вилмор се заглавени на ISS од јуни поради технички проблеми со вселенското летало „Starliner“. А двајцата требаше да останат на ISS само околу една седмица.

NASA тогаш објави дека треба да се вратат во февруари 2025 година, но агенцијата сега соопшти дека лансирањето на нивните замени е одложено.

„Мисијата ‘SpaceX Crew-10’ на NASA сега има цел да лансира вселенско летало со четири членови на екипажот до Меѓународната вселенска станица (ISS) најдоцна до крајот на март 2025 година“, се вели во соопштението на американската вселенска агенција.

„Презакажувањето им дава време на тимовите на НАСА и SpaceX да ги завршат сите подготовки за лансирање на новото вселенско летало „Dragon“ за таа мисија.

Мисијата „Crew-9“, која ги вклучува Вилијамс и Вилмор, ќе се врати по пристигнувањето на мисијата „Crew-10“.

„Познат како период на примопредавање, овој временски интервал му овозможува на стариот екипаж да ги сподели сите научени лекции со новопристигнатиот екипаж и подобро да премине научно истражување и одржување во вселенскиот комплекс“, објави NASA.

Две летала за снабдување неодамна пристигнаа на ISS, а вселенската станица е добро опремена со сѐ што му треба на екипажот, вклучувајќи храна, вода, облека и кислород, според NASA.

globe

Слични новости

Тејлор Свифт го собори рекордот според бројот на наградите на Билборд

Тејлор Свифт го собори рекордот според бројот на наградите на Билборд

Американската пејачка и кантавторка Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди на Билборд е „најдобриот ран роденденски подарок“ за неа