Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, а првиот знак за тоа се зголемените колони возила на граничниот премин Богородица.
Утрово, патниците што се упатиле кон јужниот сосед чекале околу 40 минути за преминување на границата. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Причината за засилениот сообраќај е јасна: продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден. За многумина, трите слободни дена се доволна причина за кратко бегство од секојдневието, а Солун и овојпат е меѓу привлечните дестинации.
Слични новости
Најава за протест на професионалните војници
Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски и најави протест пред Владата на 7 ноември.
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.


