Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, а првиот знак за тоа се зголемените колони возила на граничниот премин Богородица.
Утрово, патниците што се упатиле кон јужниот сосед чекале околу 40 минути за преминување на границата. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Причината за засилениот сообраќај е јасна: продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден. За многумина, трите слободни дена се доволна причина за кратко бегство од секојдневието, а Солун и овојпат е меѓу привлечните дестинации.
Слични новости
Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Софија
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е чиста и безбедна
Но додека во СДСМ се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата, наведува ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.


