Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, а првиот знак за тоа се зголемените колони возила на граничниот премин Богородица.
Утрово, патниците што се упатиле кон јужниот сосед чекале околу 40 минути за преминување на границата. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Причината за засилениот сообраќај е јасна: продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден. За многумина, трите слободни дена се доволна причина за кратко бегство од секојдневието, а Солун и овојпат е меѓу привлечните дестинации.
Слични новости
Во Македонија активни четири пожари
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори на Мицкоски
Очигледно е дека единствениот параметар кој него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери. Локално нема ниту еден резултат“, рече Филипче.
Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица
На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.


