Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, а првиот знак за тоа се зголемените колони возила на граничниот премин Богородица.
Утрово, патниците што се упатиле кон јужниот сосед чекале околу 40 минути за преминување на границата. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Причината за засилениот сообраќај е јасна: продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден. За многумина, трите слободни дена се доволна причина за кратко бегство од секојдневието, а Солун и овојпат е меѓу привлечните дестинации.
Слични новости
Намален бројот на одобренија за градба
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
За прославата за независноста – 5,53 милиони евра чинеле манифестациите од сметката на Државна лотарија и донации од фирми
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.
МВР: Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шуто Оризари, сите во сопственост на едно лице
Денеска околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина.


