Американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за продолжување на воената помош за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата, изјави во средата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.
Трамп во понеделникот ја прекина помошта за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да седне на преговарачката маса.
Валц рече дека писмото е „добар, позитивен прв чекор“. Официјалните лица разговараа за датумот, локацијата и преговарачките тимови кои треба да доведат до крај на војната, додаде тој.
„Веќе преземаме чекори за повторно да ја изградиме довербата што ќе им ја пренесеме на Русите и ќе ја тестираме нивната страна“, рече Валц во интервју за телевизијата Fox.

Не прецизираше за какви чекори станува збор.
„Треба да се погрижиме двете страни искрено да сакаат да преговараат прво за делумен, а потоа за постојан мир“, нагласи Волц.
Соединетите држави не ја поништија својата одлука да ја прекинат помошта за Украина, и покрај помирливата изјава на Володимир Зеленски, објави претходно во средаа The New York Times.
Ден претходно, Зеленски на социјалната мрежа Х напиша дека жали што средбата со американскиот претседател „тргнала наопаку“ и изрази подготвеност да работи под „силното раководство“ на Трамп за постигнување мир. Зеленски во вторникот на социјалната мрежа Х објави дека е подготвен да го потпише договорот, велејќи дека жали за средбата во Овалната соба.
„Нашиот состанок во Вашингтон во Белата куќа во петокот не помина како што требаше. Украина е подготвена да дојде на преговарачка маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир“, напиша Зеленски во својата објава.
Како што забележува NYT, шефот на Белата куќа очигледно реагирал позитивно на зборовите на Зеленски. „Сепак, Трамп ја потврди неговата забрана за дополнително оружје и друга важна помош за Украина“, се вели во написот.
Сè уште е нејасно дали изјавата на Зеленски ќе биде доволна да го убеди американскиот лидер да продолжи со помошта, пишува The Wall Street Journal.
САД, исто така, сериозно ќе го контролираат доставувањето разузнавачки информации за Украина преку нивната агенција стационирана во Киев. Според медиумските извештаи во САД американските испораки за Украина се запрени во вторник околу 14,30 часот според средноервопско време.
Белата куќа, како што соопшти нејзиниот портпарол, ја прекинува сета воена помош за Украина сѐ додека американскиот претседател Доналд Трамп не заклучи дека Киев е сериозно посветен на мировните преговори.
Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област