По бојкотот на големите трговски синџири што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повикува граѓаните на нов бојкот.
Ефектива упати нов повик до потрошувачите да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – „Deleza“, во која се „Maxi“ и „Shop&Go“, „Mercator“, кои ги вклучуваат „Idea“ и „Roda“, како и „DIS“, „Lidl“ и Univerexport, јавија српски медиуми.

Повикот е за бојкот што ќе трае од понеделник 10. февруари, до петок 14. февруари.
Од Ефектива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженија на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.
„Од последниот бојкот во петокот на 31. јануари и по јавниот повик до трговците да преземат конкретни чекори за намалување на цените, се случи дури некои бојкотирани трговци и да ги зголемат цените. За ова е потребен нов потрошувачки бунт, кој ќе се преведе во петдневен бојкот“, велат организаторите.
Слични новости
Земјотрес со јачина од 4,8 степени на Света Гора
Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета.
Српските студенти со огромен протест во Крагуевац
Митингот во централниот индустриски град Крагуевац привлече десетици илјади луѓе кои, додека бараа правда за несреќата, повикаа на искоренување на неконтролираната корупција и почитување на владеењето на правото.
Голема лавина во турски скијачки центар предизвика паника
Голема лавина удри на падините на Паландокен, еден од најпозантите зимски центри во Турција близу Ерзурум. Како што известуваат турските медиуми, некои од гостите ги фатила паника, меѓутоа никој не бил повреден.