По бојкотот на големите трговски синџири што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повикува граѓаните на нов бојкот.
Ефектива упати нов повик до потрошувачите да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – „Deleza“, во која се „Maxi“ и „Shop&Go“, „Mercator“, кои ги вклучуваат „Idea“ и „Roda“, како и „DIS“, „Lidl“ и Univerexport, јавија српски медиуми.

Повикот е за бојкот што ќе трае од понеделник 10. февруари, до петок 14. февруари.
Од Ефектива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженија на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.
„Од последниот бојкот во петокот на 31. јануари и по јавниот повик до трговците да преземат конкретни чекори за намалување на цените, се случи дури некои бојкотирани трговци и да ги зголемат цените. За ова е потребен нов потрошувачки бунт, кој ќе се преведе во петдневен бојкот“, велат организаторите.
Слични новости
Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА
Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение за шпионажа против две лица кои, според пишувањето на медиумите во Приштина, биле соработници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), пренесе Бета.
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
Најверојатното сценарио за сеизмичката активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас е постепена деескалација на појавата, додека во изминатите два дена не беше регистриран поголем земјотрес, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека Грција е безбедна земја
Пицула: На Србија ѝ недостига реален напредок кон ЕУ
Србија изминатите години нема вистински напредок на нејзиниот пат кон Европска Унија, изјави денеска известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, пред европратениците од Парламентарната комисија за надворешни работи.