Денеска во Белград се одржува голем протест инициран од српските студнети наречен 15-ти за 15, на кој симболучно на 15 март се протестира за 15 -те жртви на несреќата кога се урна дел од железничката станица во Нови Сад.
Централниот собир е пред Народното Собрание, а претходно демонстрантите се собраа пред Славија каде што настапи Блокадниот хор со песната на „Ју рок мисија“. Како што јавуваат српските медиуми цел Белград е закрчен од луѓе, а во градот нема јавен превоз поради безбедносни причини од 09 часот изутрината.

Студентите повикуваат на мирен и достоинствен собир и порачуваат дека нема да дозволат инциденти и однапред најсотро осудија секаков вид на насилство.
Студентите во Србија блокираат повеќе од 60 факултети барајќи политичка и кривична одговорност за несреќата на железниќката станица во Нови сад, борба против корупцијата и општество во кое институциите ќе работат ослободени од пртиски притисоци и влијанија.
Пред Народното Собрание се и ветераните на 63-тата падобранска бригада кои треба да ги штитат студентите и граѓаните кои присуствуваат на протестот.

Слични новости
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.