Повеќе од 600 луѓе загинаа по разорната поплава што го погоди Непал во средата.
Според непалската Агенција за управување со катастрофи, најмалку 2.426 лица се водат како исчезнати, додека спасувачките операции продолжуваат веќе четврти ден. Спасувачките екипи предупредуваат дека дождот дополнително го отежнува пристапот до некои од најтешко погодените подрачја.
Поплавата уништила мостови и патишта, а хеликоптери постојано евакуираат преживеани и доставуваат помош.
Најновите извештаи од денес укажуваат на 626 загинати и 2.426 исчезнати само во Непал, додека кога ќе се вклучат и жртвите и исчезнатите во Тибет, вкупната бројка е уште поголема.
Слични новости
Хегсет: Освен санкциите САД не ја исклучуваат и употребата на воена сила против Иран
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американската администрација не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон воведе ригорозни санкции против Иран.
Трамп се заканува, а Карни оцени дека САД сакаат да ја потчинат Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на канадските лидери „да се повинуваат или ќе се соочат со последици кои ќе бидат многу полоши од царините“.
Популарноста на Трамп на најниско ниво поради војната во Иран
Резултатите на најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека во САД јавната поддршка на војната со Иран падна на најниско ниво од почетокот на конфликтот, поради што и популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е на рекордно ниско ниво.


