Во жестоките судири меѓу италијанските сили за безбедност и демонстранти кои се противат на изградбата на брзата пруга Торино-Лион на северот од Италија. Судирите избувнаа за време на големиот протестен марш „Не ТАВ“ организиран во рамките на фестивалот „Алта Феличита“.
На протестниот марш се собраа околу 20.000 луѓе, но од главната колона се издвоила група од околу 500 маскирани демонстранти, облечени во црно, со кациги и заштитни маски.
Првите судири се забележани кај градилиштето во Сан Дидеро, каде што демонстрантите фрлаа камења, петарди и други експлозивни направи врз полицајците распоредени околу објектот.
Најголемите судири се случија на градилиштето на пругата во Кјомонте. Таму биле извршени повеќе едновремени напади, поради што италијанските медиуми оценуваат дека станува збор за однапред подготвена и координирана акција.
По повеќе обиди маскираната група го пробила полицискиот кордон и упадна во просторот пред железничкио тунел.
Врз полицајците карабињерите и припадниците на Финансиската гарда биле фрлани камења, силни притехнички средства и молотови коктели. Полицијата одговори со солзавец и водени топови, но напаѓачите успејаа да запалат четири службени возила.
Полицискиот синдикат соопшти дека се повредени 60 полицајци, но напомена дека станува збор за привремен биланс и дека бројката на повредени можеби е многу поголема.
Италијанската премиерка Џорџиа Мелони остро го осуди нападот и порача дека „оние што фрлаат експлозивни напарави врз полицијата и палат службени возила, не бранат идеја, туку ја напаѓаат државата. “
Слични новости
Најмалку 16 повредени во ракетен напад врз Одеса
Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.
Саудиска Арабија го затвори клучниот нафтовод по напад со дронови
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Хутите го презедоа Мока и островот Перим, расте напнатоста вo Црвеното Море
Преземањето на Перим им дава на Хутите значително поголемо влијание врз Баб ел-Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна рута кон Суецкиот Канал.


