Повеќе од 30 насто од невенчаните лица на возраст меѓу 18 и 34 години во Јапонија не сака деца, покажа владина анкета во Јапонија.
Според податоците на Националниот институт за истражување на популацијата и социјалната сигурност, просечниот посакуван број на деца изнесува 1,3о кај машките и 1.36 кај женските испитаници, а и двата резултати се историски најниски забележани податоци.
Меѓу мажите, 33 насто изјавиле дека не сакаат деца што е пораст од дури 9,8 насто во однос на претходната анкета во 2021. Процентот кај жените пораснал за 8,8 насто и изнесува 32,4 насто.
Институтот во истражувањето наведува дека стилот на животот, вредностите и финансиските грижи придонесуваат да опадне желбата кај младите за да имаат деца.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
