Повеќе од 30 насто од невенчаните лица на возраст меѓу 18 и 34 години во Јапонија не сака деца, покажа владина анкета во Јапонија.

Според податоците на Националниот институт за истражување на популацијата и социјалната сигурност, просечниот посакуван број на деца изнесува 1,3о кај машките и 1.36 кај женските испитаници, а и двата резултати се историски најниски забележани податоци.

Меѓу мажите, 33 насто изјавиле дека не сакаат деца што е пораст од дури 9,8 насто во однос на претходната анкета во 2021. Процентот кај жените пораснал за 8,8 насто и изнесува 32,4 насто.

Институтот во истражувањето наведува дека стилот на животот, вредностите и финансиските грижи придонесуваат да опадне желбата кај младите за да имаат деца.

 

Слични новости

Том Холанд најави дека ќе го игра „Спајдермен“ се додека му нудат да го игра суперхеројот

Том Холанд најави дека ќе го игра „Спајдермен“ се додека му нудат да го игра суперхеројот

Том Холанд по четврти пат го игра ликот на Спајдермен во најновиот филм на Сони и Марвел „Спадермен: Нов ден“. На премиерата на филмот во Лос Анџелес актерот Том Холанд изјави дека не очекува ова да биде неговата последна улога на Спајдермен